Бугарија протерува 10 руски дипломати, со образложение дека извршуваат активности кои се сметаат некомпактибилни со нивниот дипломатски статус.

Advertisements

Бугарското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека им дало на дипломатите 72 часа да ја напуштат земјата.

Во соопштението не се наведени подетални причини за протерувањата, но откако Русија го почна воениот напад врз Украина, рускиот амбасадор во Софија постојано дава контрадикторни изјави за позицијата на Бугарија за конфликтот.

Министерството не соопшти кој се наоѓа на листата протерани дипломати.

Прикажи повеќе