Бугарија ги исполни сите критериуми и е подготвена да ја усвои единствената европска валута од 1 јануари 2026 година. Ова е јасно од извештајот за конвергенција на Европската комисија (ЕК), објави БГНЕС.

Министрите за финансии на Еврогрупата ќе го разгледаат извештајот на ЕК и оној на ЕЦБ на состанокот на 19-20 јуни во Луксембург. На самитот на ЕУ, кој ќе се одржи на 26-27 јуни, тие ќе бидат разгледани и од лидерите на Унијата.

На 30 јуни, Европската комисија ќе го даде предлогот за фиксирање на девизниот курс, и не се очекува тој да биде различен од сегашниот девизен курс утврден од валутниот одбор.

Конечната одлука за пристапувањето треба да дојде на 8 јули, кога земјите од Еврогрупата ќе ги усвојат законските одлуки за усвојување на еврото во Бугарија.

Со ова, Бугарија ќе биде 100% полноправна членка на Европската Унија, откако на почетокот на оваа година се приклучи и на копнениот Шенген, објави БГНЕС.

Бугарија е членка на ЕУ од 1 јануари 2007 година.

Текстот Бугарија од 1 јануари 2026 година го воведува еврото е превземен од МАКФАКС.