Бројот на жртвите во Газа рапидно расте откако Израел ги засили воздушните напади. Најмалку 2.000 деца во Газа загинаа од почетокот на војната. Според лекарите, ако Израел не дозволи снабдување со гориво, многу бебиња и други пациенти во болниците би можеле да умрат.
Во изминатите 24 часа, убиени се шестмина вработени во Агенцијата на ОН за палестински бегалци. Севкупно, од почетокот на војната на 7 октомври убиени се 35 членови на ова агенција.
Израел ги засили бомбардирање на опколениот појас. Нападите се сметаат за подготовка за можна копнена инвазија. САД го советуваа Израел да ја откаже копнената интервенција за да остави простор за преговори за ослободување на заложниците од Хамас. Хамас во меѓувреме ослободи две постари израелски жени .
Тие и нивните сопружници беа киднапирани од нивните домови во близина на границата со Газа, од страна на милитантите на Хамас. Нивните сопрузи не се ослободени. Хамас киднапираше околу 220 луѓе.. Повеќе од 5.000 Палестинци и повеќе од 1.400 Израелци, претежно цивили, се убиени од почетокот на борбите.
Алсат