Мјанмар прогласи една недела национална жалост по земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, каде загинаа речиси 2.800 луѓе, а надежите дека ќе се најдат преживеани под урнатините исчезнуваат, објавија во вторник светските агенции.
Воената влада на Мјанмар од понеделник прогласи една недела национална жалост, а едноминутно молчење беше одржано во вторник во 12:51 часот по локално време, точното време кога се случи земјотресот во петокот.
Кинеската телевизија CCTV, како што пренесе Ројтерс, во вторникот објави дека загинале 2.719 лица, 4.521 се повредени, а 400 се водат како исчезнати.
Во соседен Тајланд се знае дека загинале 20 луѓе, а илјадници луѓе се евакуирани во Бангкок поради пукнатини кои се појавиле во зградите.
Спасувачите избезумено трагаат по преживеани во урнатините на урнатиот облакодер во Бангкок.
Сепак, се стравува дека бројот на жртвите би можел да биде многу поголем, наведува Американскиот геолошки институт.
Спасувачите во двете земји сè уште трагаат по преживеани, иако надежите исчезнуваат бидејќи критичниот период за евентуални преживеани – првите 72 часа по земјотресот – измина.
Текстот Бројот на загинати во Мјанмар нагло порасна: надежите дека ќе се најдат преживеани под урнатините исчезнуваат е превземен од МАКФАКС.