ФК Бромли е англиски петтолигаш, кој на својот Твитер профил испрати шеговити пораки за Кристијано Роналдо. Деновиве силно се шпекулира дека Португалецот е незадоволен во Ал-Наср и сака да ја напушти Саудиска Арабија, а тоа го искористи малиот клуб од лондонското предградие и се пошегува со трофејниот фудбалер.
Бромли, најпрво му порача на Роналдо дека е добредојден во нивниот клуб, а само половина час подоцна објави уште еден твит, во кој вели „подобро не“. Ова со воодушевување го прифатија навивачите на клубот кој игра во четвртфиналниот „плеј-оф“ од Националната лига во Англија и се бори за влез во ранг погоре.
Фановите „експлодираа“ во коментарите, а најинтересниот вели дека „ќе мора целата населба да работи десет години за да исплати 20% од платата на Роналдо“. Тимот на Бромли настапува на стадионот „Хејс Лејн“, со капацитет од 5.000 седишта и е распродаден на секој натпревар. Кристијано Роналдо сигурно позитивно ја прифатил шегата, а Бромли со реалниот играчки ростер ќе се обиде успешно да ја заврши сезоната./Gol.mk/