Тимот Алпин објави дека Франко Колапинто ќе го замени Џек Дуан барем за следните пет трки од Формула 1, откако Оливер Оукс поднесе оставка од функцијата шеф на тимот, а неговите должности ги презеде Флавио Бријаторе.

Оукс наводно го напуштил францускиот тим токму поради одлуката на Бријаторе да го отфрли Дуан по само шест трки и да му даде шанса на Колапинто, за што се шпекулираше откако Аргентинецот беше доведен како тест возач.

Колапинто ќе го има своето деби во Алпин на трката за Големата награда на Емилија Ромања следната недела, а Дуан ќе ја преземе улогата на тест возач. Францускиот тим објави дека трката во Австрија на крајот на јуни ќе биде моментот кога ќе размислат дали ќе има нови промени.

Дури и пред почетокот на сезоната, имаше шпекулации дека Дуан има шест трки за да се докаже и дека доколку не успеа ќе биде заменет со Колапинто, што беше демантирано од Алпино. Сепак, по трката во Мајами, беше јасно дека Бријаторе ќе ги реализира своите намери.

Колапинто пристигна во Алпин помеѓу две сезони, откако не успеа да обезбеди постојано место, и покрај одличните настапи минатата година, кога го замени Логан Сарџент во Вилијамс. Младиот Аргентинец освои вкупно пет бода, а неговиот најдобар резултат беше осмото место во Баку, на трката за Големата награда на Азербејџан.

Големата награда на Емилија Ромања на програмата од 16. до 18. мај во Имола.

Текстот Бријаторе го презеде Алпин и веднаш го промовира Колапинто е превземен од МАКФАКС.