Принцот Хари беше виден како влегува во кралската резиденција Кларенс Хаус, среде шпекулациите за средба со неговиот татко, кралот Чарлс.

Нема потврда од Бакингемската палата или од претставниците на војводата од Сасекс, но кралот беше виден и како влегува во Кларенс Хаус порано.

Се верува дека кралот отпатувал во Лондон од Шкотска во среда попладне, а принцот Хари беше во Велика Британија за добротворни настани оваа недела.

Немало средба лице в лице меѓу татко и син од февруари 2024 година, а принцот Хари во интервју за Би-Би-Си во мај 2025 година рече: „Би сакал помирување со моето семејство“.

Последниот пат кога таткото и синот се сретнаа беше кратко откако на кралот му беше дијагностициран рак минатата година, кога принцот Хари отпатува во Велика Британија на кратка средба.

Принцот Хари оттогаш ја посети Велика Британија, вклучително и за судски случаи, но не го видел својот татко.

Тој се врати во Велика Британија во понеделник и одржа серија добротворни настани во Лондон и Нотингем – и покрај прашањата дали ќе се сретне со својот татко.

Во четврток, тој ќе ја напушти Велика Британија и ќе се врати во САД за да ги види Меган и нивните деца, кои не дојдоа на ова патување, пишува Би-Би-Си.

Текстот Британските медиуми јавуваат за средба меѓу Хари и Чарлс по повеќе од една година, принцот влезе во кралската резиденција е превземен од МАКФАКС.