Британскиот премиер Кеир Стармер синоќа беше домаќин на германскиот канцелар Олаф Шолц за да разговараат за трговијата меѓу Обединетото Кралство и Европската унија и трансатлантските односи по најавата на САД дека ќе воведат високи царини за увоз на странска стока.

Стармер ја отфрли можноста повторно да се приклучи на европскиот блок, но рече дека сака да воспостави поблиски, подобри односи со ЕУ во областа на одбраната, енергијата и трговијата.

Коментирајќи ја одлуката на САД за воведување царини, германскиот канцелар Шолц рече дека светот не треба да се дели со нови трговски бариери бидејќи сите имаат корист од глобализацијата. Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела најави воведување царина од 25 отсто за стоки од Мексико и Канада и 10 отсто за увоз од Кина.

„Глобализацијата, светската размена на стоки, се покажа како одлична, успешна приказна која донесе просперитет за сите нас – Обединетото Кралство и Германија, САД, но и на многу други делови од светот, затоа е важно сега да не го делиме светот со разни царински бариери”, туку да ја овозможиме оваа размена на стоки и услуги во иднина”, рече Шолц.

Текстот Британскиот премиер ја отфрли можноста за враќање во ЕУ е превземен од МАКФАКС.