Британскиот министер за енергетика Ед Милибанд вербално го нападна Елон Маск.
„Постои глобална мрежа која сака да ги уништи врските што ги поврзуваат нашите заедници и нашиот начин на живот“, рече Милибанд на конференцијата на Лабуристичката партија во Ливерпул. Тој тврди дека Маск е голем дел од оваа закана.
„Можам да ја сумирам заканата за вас во два збора: Елон Маск. Тој поттикнува насилство на нашите улици. Тој повикува на соборување на нашата избрана влада. Тој овозможува дезинформации преку X. Тој мисли дека може да ни каже како да ја водиме Британија“, нагласи Милибанд.
„Имаме порака за Елон Маск: губи се од нашата политика и од нашата земја“, рече тој.
Маск ја критикуваше британската влада преку својата социјална мрежа, дури и повика на соборување на премиерот Кир Стармер, според написите во медиумите.
Фото: принтскрин
Текстот Британскиот министер до Маск: Губи се од нашата политика и од нашата земја е превземен од МАКФАКС.