Британскиот крал Чарлс Трети го изрази своето „длабоко чувство на благодарност“ кон оние кои се бореа во инвазијата на „Денот Д“ додека им се обраќаше на ветераните за време на комеморациите на 80-годишнината во Нормандија.
Како што пренесува ДПА, ветераните бришеле солзи за време на обраќањето на кралот Чарлс на денешниот комеморативен настан во Франција.
– Со најдлабоко чувство на благодарност се сеќаваме на нив и на сите што служеа во тоа критично време, рече Чарлс во својот говор.
Кралот и кралицата, исто така, беа емотивни за време на службата, особено кралицата која заплака додека еден ветеран од Денот Д читаше спомени пред толпата во Вер-сур-Мер.