Британската водителка Аманда Холден ги привлече погледите за време на неодамнешното излегување во Лондон.

54-годишната Аманда се појави во кафен фустан од латекс, кој го комбинираше со ракавици во иста боја. Таа во комбинацијата додаде златни потпетици, накит и очила за сонце.

Следбениците често и пишуваат на познатата водителка на Инстаграм дека изгледа многу младо.

„Како е можно како што старееш да изгледаш подобро?“, ѝ пишуваат и често нагласуваат дека не можат да поверуваат дека Аманда има над 50 години.

 

Pogledajte ovu objavu na Instagramu.

 

Objavu dijeli Amanda Holden (@noholdenback)

Аманда Холден е британска телевизиска водителка, актерка и пејачка, најпозната како долгогодишен судија на „Британија има талент“, во која учествува од 2007 година.

Таа ја започна својата кариера како актерка, појавувајќи се во британски серии.

Аманда е во брак со музичкиот продуцент Крис Хјуз од 2008 година. Двојката има две ќерки: Лекси (19) и Холи (13). Пред тоа, Аманда беше во брак со комичарот Лес Денис од 1995 до 2003 година.

Текстот Британска водителка позираше во латекс, луѓето не можат да поверуваат колку години има е превземен од МАКФАКС.