Обединето Кралство објави дека ќе понуди вакцини против коронавирус на сите деца на возраст меѓу пет и 11 години.
Објавувајќи ја одлуката, министерот за здравство Саџид Џавид рече дека го прифатил советот на експертите кои тврдат дека вакцинирањето на најмладите ќе помогне да се заштитат од идните бранови на вирусот.
Велика Британија претходно нудела вакцини за ранливите деца, но заостанува зад земјите како САД, Канада, Израел и Ирска кои ги нудат на сите деца на возраст меѓу пет и 11 години.
Според британското национално биро за статистика, од јануари 2020 година до мај 2021 година, едно дете на возраст од една до четири години, три деца на возраст меѓу пет и девет години и девет деца на возраст меѓу десет и 14 години починале од корона инфекција.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.