Брендан Роџерс повторно ќе го предводи шкотскиот великан Селтик. Селтик остана без тренер откако Ангелос Постекоглу ја прифати пинудата на Тотенхем. Бидејќи замина пред истекот на договорот, Селтик доби оштета од 5.800.000 евра.
Брендан Роџерс, имаше лоша сезона во Лестер, пред крајот на првенството доби отказ, не ниту неговиот наследник не успеа да го спаси клубот од испаѓање.
Селтик со Роџерс потпишал три годишен договор. Во првиот мандат на Селтик Парк, Роџерс освои седум трофеи.