Бред Пит и Џенифер Анистон беа еден од омилените парови на Холивуд, а по долги години славниот актер ја откри тајната на својата поранешна сопруга.

Имено, Бред во едно интервју откри дека Џенифер често месечари и зборува во сон.

„Таа прави многу работи додека спие. Алармот се вклучи и ја најдов надвор. Мораше да помине низ три или четири соби. Ги слушам фиоките во другата соба како се отвораат и затвораат, па мислам дека можеби е подобро е да се вратам на спиење додека таа прави некои работи“, рече тој.

Потоа додаде дека Џенифер има навика да зборува во сон и истакна дека најдобрите разговори ги воделе додека таа спиела.

Инаку, Бред и Џенифер беа во брак пет години, по што останаа во многу добри односи. Интересно е и дека Бред Пит на својата поранешна сопруга и подари вила од 79 милиони долари за нејзиниот 50-ти роденден.

Бред е во двегодишна врска со 26 години помладата девојка Инес де Рамон, со која првпат се појави во јавноста на овогодинешниот фестивал во Венеција.

Прикажи повеќе