Американскиот актер Бредли Купер реши да ги прошири своите хоризонти и да се испроба во гастрономијата, а неодамна во Њујорк отвори ресторан наречен „Danny & Coop“.
Имено, Купер се здружил со Дени ДиЏиампиетра, сопственик на познатата пицерија во Филаделфија Angelo’s и заедно решиле на посетителите да им понудат само едно јадење – легендарниот Philly Cheesesteak.
Philly Cheesesteak е иконски американски сендвич со потекло од Филаделфија. Создаден е во 1930-тите на уличен киоск, кога браќата Пет и Хари Оливиери, кои вообичаено продаваа хот-дог, решија да експериментираат со тенко исечено говедско месо.
@exploringwithjaylynn Bradley Cooper is not only a good actor but a good cook apparently! Today I’m trying his Philly cheesesteak as he has a pop up over the weekend in the East village! I got there an hour and 15 minutes before they opened and there was already someone waiting for four hours! Thankfully there wasn’t a big line when I got there but it was freezing. I couldn’t even use my phone because my fingers felt like they were going to fall off. Thankfully after an hour, Bradley came out and said let’s eat! It was so busy and the space was tiny but it was worth the wait!! I loved the meat and cheese but wish there was some more cheese! The bread was food but nothing to die for but the sweet peppers with it made it so much better! Overall 8.5/10 +++ Hi! If you’re new here, I am Jaylynn, I post content mainly on food and activities! I am based in the NYC and NJ area. I love traveling, eating out, and just exploring! Let me know anything you’d like to see and thank you for liking and supporting me #nycspots #nyceats #contentcreator #food reviews #njeats #newyorkfoodblogger #eats #njdatenight #njfoodspots #nycfoodspots #njlocalspots #foodstagram #viralfood #eats #njfoodspots #njlife #njisntboring #njrestaurants #njcontentcreator #njthingstodo #njisfun #njactivities #njfoodie #njspots #njdatenight #njrestaurants #datenight #njfoodie #angeloscheesesteak #bradleycooper #cheesesteak #phillycheesesteak ♬ original sound – exploringwithjaylynn
Овој сендвич стана толку популарен што набрзо го освои поширокиот пазар и стана вистински туристички симбол.
Отворањето на ресторанот предизвика големо внимание, а голем број посетители го споделија своето искуство на социјалните мрежи. Една од нив рече дека пред отворањето стоела во ред повеќе од еден час, а кога влегла, просторот на ресторанот бил мал и преполн, речиси како ноќен клуб.
Сепак, нарачките стигнале брзо, а Бредли Купер лично ги подготвил сендвичите и ги поздравил гостите.
Текстот Бредли Купер отвори ресторан во Њујорк, во понуда само едно јадење е превземен од МАКФАКС.