„Татко ми многу страдаше поради војната во Југославија. Секој ден добиваше вести за тоа како починал некој што го познавал. Тој им помагал на бегалците и секогаш се обидувал да ме заштити од сето тоа. Кога неговата сестра почина во Шведска, јас не бев таму. Но кога брат ми Шапко умре од леукемија, отидов, брат ми ме очекуваше, умре пред мене. Го закопавме по муслимански обичаи. Татко ми не пушти солза.Следниот ден отиде на гробиштата и плачеше од утро до вечер. Сам.“
„Не верувам во Бог. Само во себе. Така научив да ја претворам омразата во оружје“.
Потоа се опишал себеси како момче.
„Како дете бев тежок и проблематичен. Штом се родив, бабицата ме испушти од метар висина. Целиот живот ми беше тежок. На училиште бев поинаков. Другите беа сини, со светли очи и нормален нос .Бев темен,со голем нос.Зборував поинаку од нив,поинаку се движев.Родителите на моите школски другари потпишаа петиција да ме избркаат од часови.Секогаш ме мразеа.И на почетокот лошо реагирав.Ќе се изолирав. Подоцна научив да страдам и да ја претворам омразата во сила“.
Вака и се претстави на италијанската јавност:
„Јас сум Швеѓанец, но и мешана раса. Мајка ми е хрватски католик, татко ми од БиХ и муслиман, и иако поголемиот дел од кариерата ја поминав во Италија, најраните сеќавања ми се од Југославија. Ме носеа таму со автомобил и со воз, тоа беше комунизам. Друг свет“.
Тој тогаш на Италијанците им го раскажал инцидентот со Ромелу Лукаку кога за малку ќе се степале на натпреварот меѓу Интер и Милан.
„Тој се скара прво со Ромањоли, а потоа и со Салемејкер. Јас реагирав за да го заштитам мојот соиграч, а потоа почна да ме навредува на лично ниво. Шокантно, а бевме соиграчи во Јунајтед. Лукаку има големо его, тој е убеден дека е светска класа и навистина е силен.Но, јас пораснав во гето и кога некој ќе ми пријде со крената глава, го ставам на негово место. Затоа му ги спомнав ритуалите на мајка му и тој изгуби контрола. После тоа прашав блиски пријатели да се молат за мене. Морам да се пресметам со него. Се надевам дека ќе се сретнеме наскоро. Овие работи се решаваат на терен. Не мразам никого, дури ни Лукаку“.