Фудбалскиот сојуз на Бразил го обнови интересот за Карло Анчелоти, откако стана јасно дека Италијанецот нема до крај да го одработи договорот со Реал. Анчелоти има договор до јуни 2026 година, но се погласни се шпекулациите дека по завршувањето на сезоната на неговото место ќе дојде Чаби Алонсо.

Шпанскиот новинар Едуардо Инда открива како Бразилците се решени да го ангажираат Анчелоти и цврсто веруваат дека ова му е последна сезона во Мадрид.

„Фудбалскиот сојуз на Бразил уште еднаш му пристапи на Карло Анчелоти. Тие веруваат дека неговото столче во Мадрид е разнишано и дека на крајот од сезоната неговата одлична епизода во клубот може да заврши. Анчелоти и Гвардиола се опции за Бразил”, изјави Инда.

65-годишниот Италијанец се врати во Реал во 2021 година. Тој имаше огромен успех во изминатите три и пол години и освои се што можеше.

Италијанецот својата богата тренерска кариера ја започна во Реџана, а потоа работеше за некои од најголемите тимови во светот на фудбалот. Ги водеше Парма, Јувентус, Милан, Челзи, ПСЖ, Баерн, Наполи, Евертон.

Текстот Бразилците (повторно) испратиле понуда до Анчелоти е превземен од МАКФАКС.