Единствената задача пред ова Народно собрание е формирање редовна влада. Без оглед на цената на партиите, рече поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, за време на првата прес-конференција по изборите што се одржаа во неделата, јави БТВ.

Advertisements

Тој додаде дека ќе биде пратеник во 49. Народно собрание и лично ќе ги води преговорите со другите партии.

„Нови избори значат ризик за парламентарната демократија. Ќе ги поканиме апсолутно сите партии што бугарскиот народ ги испрати во Народното собрание. Најстабилна влада – онаа што ќе го смири бизнисот е коалицијата меѓу големите партии“, смета Борисов.

Прикажи повеќе