По повеќе од две децении музичка посветеност, искрени емоции и безвременски хитови, Бојана Скендеровски заокружува едно важно поглавје од својата кариера со својот прв солистички концерт, насловен „Бесмртна“ — како симбол на сите чувства, песни и моменти што живеат вечно во нејзината и во нашата душа.
Во магичната атмосфера на Филхармонија, на 13 декември со почеток од 20:00 часот, публиката ќе има ретка можност да ја доживее Бојана во едно ново светло — интимно, моќно и вистинито.
Концертот се најавува не само како музички настап, туку и приказна за љубовта, зрелоста и патувањето низ животот и уметноста.
„Овој концерт е мојата благодарност – кон публиката, кон музиката и кон сите моменти што ме обликуваа како уметник и човек. Ќе пеам со срце, ќе ве водам низ мојата приказна. Ветувам многу љубов и вистински емоции“, вели Бојана.
Текстот Бојана Скендеровски го најавува својот прв солистички концерт „Бесмртна“ е превземен од МАКФАКС.