Тимот на Бостон Селтикс ја забележа и втората победа во финалето на Источната конференција, откако со 110:97 славеше над Мајами. Со тоа намали на 3-2 во серијата за пласман во големото финале и сѐ уште се надева дека може да направи пресврт каков што не направил никој во историјата на НБА лигата. Бостон имаше неколку расположени кошаркари и тоа беше клучно, Вајт постигна 24 поени, а Смарт запиша 23, додека Тејтум и Браун уфрлија по 21 поен.
Кај „жешките“ од Мајами, најефикасен беше Робинсон со 18 поени, а потфрли нивниот најдобар кошаркар, Џими Батлер, кој постигна 14 поени.
Бостон фуриозно го отвори натпреварот, поведе со 20:5 и Мајами не успеа да се врати во игра до крајот. Шестиот натпревар од финалната серија на Истокот ќе се одигра в недела навечер, а Бостон ќе се обиде да стигне до израмнување.
Прв финалист во НБА лигата е тимот на Денвер Нагетс кој со 4-0 ја доби серијата против ЛА Лејкерс.