Еден од главните партнери на „Symphony Technologies Group“, Бил Чисолм е новиот сопственик на Бостон Селтикс.

Веста ја објави новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија.

Како што наведе, Чисолм ќе му плати на семејството Гросебек неверојатни 6,1 милијарди долари.

Доколку оваа цена се покаже како точна, Бостон Селтикс ќе биде најскапата спортска франшиза во Северна Америка.

За работите да бидат уште поневеројатни, Грусбекс ги купија Селтикс во 2002 година за само 360 милиони долари.

Бостон Селтикс се актуелни шампиони во НБА, низ историјата 18 пати биле шампиони, што ги прави најтрофејна франшиза.

По 69 одиграни натпревари оваа сезона, Бостон е на второто место на Истокот со 50 победи и 15 порази.

Текстот Бостон има нов сопственик – Селтикси се најскапата франшиза е превземен од МАКФАКС.