Борусија Дортмунд, синоќа загуби од Барселона (2:3) и остана без централниот дефанзивец Нико Шлотербек. Претходниот викенд се повреди и Никлас Силе, што значи дека Борусија остана без централни дефанзивци.
Германскиот репрезентативец беше изнесен од теренот буквално во последните секунди од натпреварот против Барселона.
Станува збор за повреда на зглобот. Шлотербек незгодно се приземји откако се обиде со глава да го загрози голот на противникот.
„Ја чекаме официјалната дијагноза, но според она што го видовме, воопшто не изгледа добро“, изјави Нури Шахин, тренерот на Борусија.
Уште порано се повреди Никлас Силе кој ќе биде надвор од терените неколку месеци. Сахин не може да смета ниту на Антон, кој летото пристигна од Штутгарт, па е принуден да го стави Емре Џан во централниот дел од одбраната.
Дортмунд во недела од 17:30 часот одигра натпревар од Бундес лигата против Хофенхајм.
Текстот Борусија загуби од Барселона и остана без Шлотербек е превземен од МАКФАКС.