Поранешниот британски премиер Борис Џонсон поднесе оставка од функцијата пратеник во Парламентот, која стапува во сила веднаш.
Џонсон се бореше за својата политичка иднина со парламентарната истрага за тоа дали го довел во заблуда Долниот дом кога рекол дека се почитувани сите правила воведени поради Ковид-19.
Комитетот за привилегии на британскиот парламент истражувал дали Џонсон намерно ги довел пратениците во заблуда во изјавите што ги даде пред Долниот дом во декември 2021 година за забавите што се одржуваа во Даунинг Стрит за време на заклучувањето поради „Ковид-19“, на некои од кои и самиот присуствувал.
Во својот доказ од 52 страници, предаден на комисијата во март, Џонсон признал дека го довел парламентот во заблуда, но негирал дека го сторил тоа намерно. Тој признал дека социјалното дистанцирање не било „совршено“ на собирите на Даунинг стрит за време на локдаунот поради Ковид.