Урош Борзаш, репрезентативецот на Србија по две сезони ќе го напушти Еурофарм Пелистер, но ќе остане во Македонија. Левиот бек ќе се пресели во редовите на Алкалоид.

Борзаш ја мина академијата на Веспрем, подоцна играше за Тулуз, една година во Елверум, Норвешка, а во Битола е од летото 2023 година.

Стандарден е репрезентативец на Србија, за која на големите натпреварувања дебитираше на Европското првенство во 2022 година.

Текстот Борзаш од Пелистер се сели во Алкалоид е превземен од МАКФАКС.