Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, рече дека ќе побара од земјите-членки да извршат притисок врз Косово и Србија за да избегнат ескалација и да се вратат во нормала. Пред дводневниот самит на лидерите на ЕУ, Борел рече дека ако земјите не придонесат за деескалацијата, ќе има последици.

„Ќе ги информирам челниците за целата моја работа во тие денови, и ќе побарам нивна поддршка за продолжување на притисокот врз нив со цел да се избегне ескалација и враќање во нормала. Земјите-членки на последниот состанок одлучија во првиот Совет, дека мора да се преземат економски и политички мерки за да им стане јасно дека ако тие не придонесат за деескалација, постои цена“, рече Борел.

Советот на Европа ја поддржа идејата за меѓународна конференција за Косово и Србија, како следен обид за намалување на тензиите меѓу двете земји. Шефот на Советот на Европа, Шарл Мишел, придружуван од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека е дојдено време да се направат јасни чекори кон нормализација на односите со Косово и Србија, и дека тоа е многу важно за самата Европска унија.

„Ние, исто така, ја поддржуваме идејата за организирање конференција со неколку земји-членки на ЕУ, што е можно поскоро за поддршка на сите напори за медијација на блиските односи со САД, бидејќи сметаме дека во последниве месеци видовме некои тешкотии кои станаа причина за ескалација и мислам дека е време да се преземе глобален пристап“, рече Мишел.

„Го зголемивме нашето присуство на теренот и ги повикуваме сите страни за деескалација, да се воздржат од какви било активности кои би можеле дополнително да ги зголемат тензиите и да се ангажираат во дијалогот олеснет од ЕУ“, рече Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО.

Коментирајќи ја листата на мерки против Косово предложени од Европската унија, косовскиот премиер Албин Курти рече дека ЕУ го наоѓа во Косово најискрениот и стабилен партнер и сојузник на европските вредности. Тој рече дека понекогаш биле критични кон ЕУ, но никогаш цинични или лути.

„Вчера Европската комисија го претстави пред Европскиот парламент списокот на мерки против Косово. Европската унија во Косово го наоѓа својот најискрен и траен партнер, и сојузник на европските вредности, демократските принципи и долгорочните интереси. Косово има таква влада, и таков народ, првин народот а потоа владата. Понекогаш сме биле критични кон ЕУ, но никогаш цинични или лути, не сме ни денес. Кога го поднесовме нашето аплицирање за членство во декември минатата година, го направивме тоа верувајќи дека заслужуваме да бидеме дел од оваа унија во догледна иднина, бидејќи веруваме во нејзините вредности и го имаме истото верување денес“, рече Курти.

Европската комисија ќе преземе голем број мерки против Косово, и тие ќе вклучуваат суспендирање на програмата за финансирање на Косово, суспендирање на континуираната поддршка за набавки и потпишување договори, суспендирање на учеството на настани на високо ниво, суспендирање на билатералните посети, како и предлогот поднесен од Косово за инвестициската рамка за Западен Балкан, кој нема да биде обработен во овој момент. Ова го соопшти генералниот директор за соседство и преговори за проширување на ЕУ, Герт Јан Купман, за време на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.

Шкелзен Аќифи