Европската унија ќе даде „цврст одговор“ на пресудата на врховниот суд на Полска со која се оспорува приматот на правото на ЕУ, високиот претставник на Унијата Жозеп Борел. Тој ја повтори загриженоста на Европската комисија за минатонеделната пресуда, но не посочи какви чекори може да преземе за да се доведе Полска во линија. „Ако сте член на клуб, мора да ги почитувате правилата на клубот“, рече Борел. Уставниот суд на Полска пресуди дека делови од правото на ЕУ се некомпатибилни со Уставот на земјата, поткопувајќи го централниот принцип на европската интеграција и поттикнувајќи најави дека Полска може еден ден да излезе од ЕУ од 27 држави.

Advertisements

Прикажи повеќе