Европската унија предлага да се удвои износот на воена помош за Украина за дополнителни 500 милиони евра, за да и се помогне во борбата противи руската инвазија, рече денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

Тој вели дека е сигурен оти лидерите на ЕУ на состанокот во Франција ќе се согласат да го прошират пакетот воена помош за Украина.

Ова е првпат во историјата на ЕУ да снабдува со оружје земја кое не е членка на Унијата.

Првиот пакет воена помош е одобрен на 27 февруари. Тогаш беше предложено на Украина да и се испрати огнено оружје за војската, залихи на гориво и медицинска опрема.

Поради инвазијата на Украина, ЕУ, САД и други држави поединечно воведоа санкции кон Русија.

Прикажи повеќе