
Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Јосеп Борел, денеска, по повод 20-годишнината од најголемото проширување на ЕУ, изјави дека работата за повторно обединување на Европа не е завршена и порача дека Западен Балкан има историска можност цврсто да ја врзат својата иднина со Европската унија.
„Западен Балкан, Турција, Украина, Молдавија и Грузија имаат историска можност цврсто да ја врзат својата иднина со ЕУ. Проширувањето на ЕУ е трансформативна политика која ги подобрува безбедноста, правдата и демократијата, истовремено подигнувајќи го животниот стандард на Европејците“, наведува Борел.
Тој додаде дека ЕУ и земјите кандидати соработуваат на полето на безбедноста и одбраната со цел подобро да се соочат со повеќе геополитички предизвици заедно.