Насилните инциденти на северот на Косово треба веднаш да се прекинат, изјави високиот претставник на Европската унија за надворешни работи, Жoзеп Борел, во врска со немирите во тој дел од земјата поради акцијата на косовската полиција против шверцот на стока.

Advertisements

“Едностраните и некоординирани дејствија што ја загрозуваат стабилноста се неприфатливи. Сите отворени прашања мора да се решат преку дијалог со посредство на ЕУ. Ние сме во контакт со Белград и Приштина”, објави Борел на својот Твитер профил.

Шест полицајци беа повредени, шест жители на Северна Митровица побараа лекарска помош, а осум лица беа уапсени и однесени во полициски станици. Ова е епилогот од акцијата против шверцот на косовската полиција и царина, на која се спротивставија во Северна Митровица и Звечан.

Прикажи повеќе