Фудбалерите на Болоња го совладаа Емполи како гости во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија со резултат 3:0.
Јасно е дека реваншот ќе биде само формалност по ваквата демонстрација на силата на тимот на Виченцо Италијано. Болоња игра феноменално во последно време, ова за нив беше шеста последовна победа во сите натпрварувања.
Двоен стрелец за гостите на стадионот „Карло Кастелани“ беше Холанѓанецот Тијс Далинга во 29. и 51. минута.
Претходно, уште еден гол сезонава постигна и најдобриот стрелец на тимот Рикардо Орсолини.
Многу поголема неизвесност се очекува во второто полуфинале, в среда градските ривали Интер и Милан го играат првиот натпревар.
Болоња го освои Купот двапати во својата историја, вториот пат во 1974 година.
Текстот Болоња со една нога е во финалето на Купот е превземен од МАКФАКС.