Одредени болести кои се пренесуваат од животните на луѓето може да убијат 12 пати повеќе луѓе до 2050 година отколку во 2020 година. Експерти од американската биотехнолошка компанија Ginkgo Bioworks повикаа на итно преземање мерки за намалување на ризиците по глобалното јавно здравје. Епидемиите предизвикани од зоонотските болести може да бидат почести во иднина поради климатските промени и сечењето на шумите, велат тие.
Анализата ги вклучила историските трендови за четири одредени вирусни патогени. Станува збор за филовируси, кои ги вклучуваат вирусот ебола и вирусот Марбург, САРС корона вирусот 1, вирусот Нипах и вирусот мачупо, кој ја пболивиската хеморагична треска.
Студијата не го вклучила КОВИД-19, кој предизвика глобална пандемија во 2020 година и веројатно потекнува од лилјаци. Научниците прегледале над 3.150 избивања на епидемии во периодот од 1963 до 2019 година и идентификувале 75преноси од животни на луѓе во 24 земји.
Базата на податоци ги покривала епидемиите за кои известила СЗО, избивања на епидемии кои се случиле од 1963 година наваму и кои убиле 50 или повеќе луѓе и историски значајни настани, вклучувајќи ги пандемиите на грип в 1918 и 1957 година. Тие настани предизвикале 17.232 смертни случаи, од кои 15.771 предизвикале филовируси и главно се случиле во Африка.
Научниците велат дека епидемиите се зголеуваат за 5% секоја година од 1963 до 2019 година, а смртноста пораснала за 9%.Ако овие годишни стапки продолжат да растат, очекуваме дека анлизираните патогени ќе предизвикаат четири пати повеќе смртни случаи во 2050 отколку 2020 година, додаваат научниците.
Наодите од студијата се објавени во списанието BMJ Global Health.
Извор: wionews