Блумберг: Стармер порача дека Украина може да користи ракети од Обединетото Кралство за внатрешен напад  во Русија

Кир Стармер сигнализираше дека Украина може да ги користи британските ракети „Storm Shadow“ за да нападне воени цели во Русија, потврдувајќи дека ќе ја продолжи политиката на претходната влада на ОК за употреба на нејзиното оружје со долг дострел во руско-украинската војна, јави Блумберг.

Стармер се согласи дека зависи од Украина како ќе ги користи ракетите „Storm Shadow“ донирани од ОК, на прашањето на новинарот на Блумберг. Тој зборуваше со новинарите додека патуваше на самитот на НАТО.

Д. Т.