Блумберг Медија (Bloomberg Media) и МТел Свис (MTel Swiss) – радиодифузер во мнозинска сопственост на Телеком Србија, денеска го објавија договорот за создавање на првата регионална мулти-платформска мрежа за деловни информации во Југоисточна Европа, со центри во Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Северна Македонија.

Почнувајќи од 2022 година, Блумберг Адрија на растечката заедница на носители на деловни одлуки и идни лидери во регионот ќе ѝ понуди деловни и финансиски вести, анализи и податоци преку телевизија, печат, дигитални канали, мобилни и социјални мрежи.

За да создаде дестинација за вести, Блумберг Адрија ќе се потпира на 2.700 новинари и аналитичари на Bloomberg News во 120 земји, комбинирајќи го локалното известување со широкото покривање на светските пазари и економијата. Таа ќе вклучува преведена содржина од Bloomberg News, како и оригинално известување од наменски уреднички центри во Белград, Загреб, Љубљана, Сараево и Скопје.

„Ние во Блумберг Медија ја градиме водечката глобална медиумска компанија за деловни и финансиски содржини на повеќе платформи, обезбедувајќи проверени содржини базирани на податоци“, рече Со Канг (Soo Kang), глобален директор за медиумска дистрибуција во Блумберг. „Блумберг Адрија го проширува нашето глобално присуство кај нова публика во Југоисточна Европа, која бара премиум глобални деловни вести, кои ќе ѝ овозможат да биде добро информирана“.

„Во деловниот свет кој се менува со невидена брзина, достапноста на релевантни и точни информации и независна експертска анализа е клучна за носење добри деловни одлуки“, рече Владимир Лучиќ, главен извршен директор на Телеком Србија. „Блумберг одамна е синоним за сигурни деловни информации. Среќни сме што соработуваме со Блумберг медија и што, преку Блумберг Адрија, ќе донесеме точни и релевантни деловни вести во Северна Македонија и на регионалниот пазар“.

https://www.linkedin.com/showcase/bloomberg-adria/about/?viewAsMember=true

https://twitter.com/bloomberg_adria

https://www.facebook.com/Bloomberg-Adria-102867678628967/?business_id=10152813365343003

https://www.instagram.com/bloombergadria/

Bloombergadria.com

За Блумберг Медија (Bloomberg Media)

Блумберг Медија е водечки глобален мулти-платформски бренд кој на носителите на одлуки им обезбедува навремени вести, анализи и сознанија за бизнисот, финансиите, технологијата, климатските промени, политиката и за други области. Со редакција од над 2.700 новинари и аналитичари, допираме до влијателна публика ширум светот на секоја платформа, вклучувајќи ги дигиталните и социјалните канали, ТВ, радио, печат, како и настани во живо. Блумберг Медија е огранок на Bloomberg LP. За повеќе информации, посетете ја страницата BloombergMedia.com.

 За МТел Свис (MTel Swiss)

МТел Свис е дел од Групацијата Телеком Србија. МТел Свис е партнер на глобални медиумски компании и дистрибуира нивна содржина до големи радиодифузери, канали и платформи.

 За Телеком Србија

Телеком Србија е лидер на телекомуникацискиот пазар во Србија и овозможува единствено и интегрирано корисничко искуство. Со разновидно портфолио на телекомуникациски услуги и директни деловни активности во неколку земји во регионот, опслужува повеќе од 10 милиони корисници, додека глобално е присутен преку продажба на телевизиски услуги низ целиот свет. Компанијата изгради сопствен капацитет во областа на производство и дистрибуција на ексклузивни ТВ серии, филмови и премиум спортски содржини. Преку ексклузивното партнерство со Euronews, Телеком Србија неодамна го пушти информативниот канал Euronews Србија. Телеком Србија е партнер и ги емитува Лигата на шампионите, Лига Европа, италијанската Серија А и шпанската Ла Лига, НБА и, од 2022 година, и англиската Премиер лига.