Вчера американскиот државен секретар Антони Блинкен ненајавено пристигна во Кијив во првата посета на Украина од страна на висок американски функционер откако Конгресот го усвои долго одложуваниот пакет воена помош од 61 милијарда долари за земјата минатиот месец. Посетата има за цел да ја покаже солидарноста на САД со Украина додека таа се бори да се одбрани од секојдневното масивно руско бомбардирање на нејзината североисточна граница.
По разговорите со Володимир Зеленски и Дмитро Кулеба, тој заедно со американската делегација го посети кијивскиот бар „Бармен Диктат“. Неочекувано, државниот секретар се качи на сцената и со украинските музичари ја отпеа песната „Keep on Rockin’ in the Free World“ од канадскиот пејач Нил Јанг.
Antony Blinken sang and played guitar in Kyiv
Yesterday, the US Secretary of State arrived in the Ukrainian capital on an unannounced visit. After talks with Volodymyr Zelenskyy and Dmytro Kuleba, he visited the Kyiv bar “Bartender Diktat” together with the American delegation.… pic.twitter.com/FT2oJ50jWU
— NEXTA (@nexta_tv) May 15, 2024
U.S. Secretary of State Antony Blinken performs“Rocking to the Free World” in a bar in Kyiv. // video by @cspan pic.twitter.com/EgSrl3UKWh
— Ostap Yarysh (@OstapYarysh) May 14, 2024
„Знам дека ова е многу тешко време. Вашите војници, вашите граѓани страдаат многу, особено на североисток, во регионот Харков. Но, треба да знаете дека САД ве поддржуваат, дека најголемиот дел од светот ве поддржува. борејќи се не само за слободна Украина, туку и за целиот слободен свет, а слободниот свет е на ваша страна“, рече Блинкен пред настапот, пренесува NEXTA.
Ова секако не им се допадна на властите во Кремљ, кои очигледно исфрустрирани поради неуспехот да го валоризираат забавувањето на американската воена помош за Украина, преку своите пропагандни канали се обидоа да фрлат темно петно на гитарскиот настап на Блинкен во Кијив, вклучително и преку нивните филијали во Северна Македонија,
На Москва очигледно не и се допадна песната, па преку изјавите на портпаролката на руското МНР, Марија Захарова се обидоа да ја дезавуираат пораката на поддршка за Украина што со својата интерпретација ја пренесе американскиот државен секретар, пркосејќи им на руските агресори со својот настап во бар во главниот град на Украина каде секојдневно се слушаат предупредувачки сирени за руски ракетни напади.
Се разбира, докажаните пропагатори на руските малициозни наративи во земјава не пропуштија да ги пренесат изјавите на нивната неформална „шефица“ за ширење на руска пропаганда, Захарова, која деновиве како да не се симнува од страниците на овие медиуми, било да се работи за банални прашања, како нејзиното „анатемисување“ на Евровизија, преку правдање за бојкотот на парадата на победата во Москва, до нејзините лажни дисквалификации на перформансот на Блинкен во Кијив.
Драган Мишев