Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека САД и НАТО се решени да продолжат да ја поддржуваат Украина во нејзината борба на бојното поле и против руските напади врз нејзината енергетска инфраструктура.
Тој го изјави ова за време на заедничкиот говор со генералниот секретар на НАТО Марк Руте на маргините на министерскиот состанок на Алијансата во Брисел, пренесува Укринформ.
„Ние сме решени да ја продолжиме работата што ја работевме заедно во изминатите четири години и што ја зајакна оваа Алијанса на извонреден начин – со нови членки, нови ресурси и средства и, имаме нова решеност да продолжиме да ја поддржуваме Украина за време на агресијата на Руската Федерација и борбата против многу други закани и предизвици“, рече Блинкен.
Текстот Блинкен: САД и НАТО се решени да продолжат да ја поддржуваат Украина е превземен од МАКФАКС.