Блинкен до Кулеба: Вратата на НАТО останува непоколебливо отворена

Американскиот државен секретар Антони Блинкен, говорејќи пред министрите за надворешни работи на сојузниците во НАТО на гала-ручекот по повод 75-годишнината од Алијансата во Библиотеката на Конгресот, посебно му се обрати на шефот на Министерството за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, пренесе Укринформ.

„Дмитро, нашата врата останува непоколебливо отворена и со нетрпение го очекуваме и тој ден“, рече Антони Блинкен.

Според него, самитот „апсолутно јасно ставил до знаење дека – додека народот на Украина продолжува да се жртвува неизмерно за да ја брани својата територија и своето право да го избере својот пат – НАТО ќе направи се што е можно за да обезбеди долгорочен успех на Украина“.

Д. Т.