Сеп Блатер и Мишел Платини се повторно ослободени на второто судење за финансиска измама, фалсификување, лошо управување и проневера на повеќе од два милиони долари пари на ФИФА во 2011 година.
Блатер, кој сега има 89 години, не реагираше многу додека ја слушаше пресудата на тројца кантонски судии кои дејствуваа како федерален кривичен апелационен суд.
Канцеларијата на швајцарското јавно обвинителство ја оспори првичната ослободителна пресуда во јули 2022 година и побара затворска казна од 20 месеци, условна на две години.
Наводите се однесуваат на исплатата на Блатер од два милиони швајцарски франци на Платини.
Кога федералното обвинителство го објави првичното обвинение во ноември 2021 година, наведе дека исплатата „го оштетила имотот на ФИФА и незаконски го збогатила Платини“.
Ослободителната пресуда дојде речиси седум години откако беше првпат покрената истрагата, а Блатер и Платини беа отстранети од лидерските позиции во ФИФА и УЕФА. Тогаш заврши кампањата на Платини да биде наследник на Блатер на чело на светскиот фудбал.
Блатер и Платини постојано ги негираа неправилностите. Тие тврдат дека постигнале вербален договор, ФИФА да му плати на Платини за недоговорна работа што го советувал Блатер за време на неговиот прв претседателски мандат од 1998 до 2002 година.
Текстот Блатер и Платини не направиле финансиска измама е превземен од МАКФАКС.