Поп-иконата Бијонсе го објави, како што се чини, нејзиниот претстоен соло албум.

Advertisements

Овој албум на познатата пејачка се очекува да излезе на 29 јули 2022 година.

Набргу многу музичките платформи, вклучувајќи ги Spotify, Apple Music и Tidal, во сопственост на нејзиниот сопруг Џеј Зи, исто така објавија различни дизајни со иста формулација и им понудија на фановите можност да го зачуваат албумот.

Apple Music од друга страна сугерира дека овој албум ќе има вкупно 16 песни.
Покрај соло албумот, таа во 2018 година објави и заеднички албум со Џеј Зи „Everything is Love“.

Ова ќе биде седми албум на Бијонсе кој доаѓа шест години по последниот „Lemonade“, објавен во 2016 година.

Истата, меѓу другото, донесе песна со наслов „Be Alive“, за саундтракот на филмот „Кралот Ричард“ во ноември 2021 година.

Прикажи повеќе