Коосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, по состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп и шефицата на кабинетот на Трамп, Сузи Вајлс, изјави дека го поддржува продолжувањето на работата на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

Гејтс рече дека се сретнал со Трамп  во Белата куќа за да се заложи за продолжување на исплатите на странска помош со кои управува УСАИД, објави NBC News.

Гејтс, кој беше коосновач на непрофитната фондација Гејтс во 2000 година, истакна дека бил на терен со УСАИД, велејќи дека работата на агенцијата обезбедила неверојатни придобивки.

УСАИД е основана во 1961 година и е една од најголемите официјални агенции за помош во светот и има мисии во повеќе од 100 земји, пред се во Африка, Азија, Латинска Америка, Блискиот Исток и Источна Европа.

Трамп на почетокот на февруари потврди дека ќе го укине УСАИД, откако неговата администрација објави дека размислува за спојување на УСАИД со Стејт департментот со цел да го намали бројот на вработени во агенцијата и да ги усогласи нејзините трошоци со политиката на Трамп „Америка на прво место“.

Текстот Бил Гејтс се залага за продолжување на работата на УСАИД е превземен од МАКФАКС.