Бил Гејтс, еден од најбогатите луѓе и основач на „Мајкрософт“, е позитивен на коронавирус.
Гејтс на Твитер напиша дека има благи симптоми. Тој додаде дека ќе биде во изолација додека не се чувствува добро.
Имам среќа што ги примив вакцината и засилувачот и имам пристап до тестови и одлична медицинска нега, напиша тој.
Гејтс често даваше јавни предвидувања за тоа кога ќе заврши пандемијата. Во една од последните, што ја објави на почетокот на мај, тој предупреди дека светот сè уште не го видел најлошото од пандемијата на коронавирус.
Сè уште сме во опасност, овој вирус да создаде варијанта која би била уште попренослива и уште пофатална. Не сакам да бидам глас на пропаст и тага, но ризикот е далеку над пет проценти дека не сме го виделе најлошото од пандемијата, изјави Гејтс за „Фајненшел Тајмс“.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.