Милионерот и инвеститор Бил Гејтс, кој важи за „техногуру“ на новата технолошка реалност, неодамна предвиде дека наскоро ќе пристигне технологија којашто, меѓу другото, ќе ги замени и паметните телефони.
Станува збор за производ на компанијата „Кејотик мун“ (Chaotic Moon), поточно биотехнолошки уред кој ќе може да анализира и собира информации од човечкото тело. Оваа таканаречена „електронска тетоважа“ ќе може да складира здравствени информации со кои ќе можеме да ги спречиме и контролираме заболувањата и, со текот на времето, да ги подобриме функциите на нашето тело, како што тоа го прават спортистите.
Иако оваа „е-тетоважа“ е сè уште во развојна фаза, познато е дека ќе се нанесува на кожата со помош на мали сензори и придружни микроуреди коишто испраќаат и примаат важни податоци со помош на специјално мастило коешто спроведува струја.
Оосновачот на „Мајкрософт“ ја замислил оваа технологија и како делотворен начин за остварување повици, испраќање пораки и проверување електронска пошта. Иако сè уште не знаеме кога ќе пристигне првата ваква „тетоважа“, Гејтс и тимот бараат начин таа да се користи за што повеќе задачи што ги извршуваат денешните паметни телефони.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.