Охрид и салата „Билјанини Извори“ од 11 до 13 мај ќе бидат домаќини на завршницата и „фајнал-фор“ турнирите во машка и женска конкуренција.

Advertisements

Охрид оваа сезона веќе беше домаќин на ракометен спектакл, откако беше организатор на Суперкуп натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар, кој заврши со победа на битолчани. Кај мажите во битката за трофејот се Вардар 1961, Алкалоид Еурофарм Пелистер и Пролет.

Од друга страна, кај дамите ќе се судрат ЖРК Ѓорче Петров, Металург, Вардар и Куманово. Вардар и ЖРК Металург се бранители на ланските титули.

Претходните изданија на Купот на Македонија се одржаа во Кавадарци, Автокоманда, Куманово, Битола… Засега не се познати двојките во полуфиналињата на завршните турнири. Ракометаната федерација на Македонија ќе ја одржи ждрепката за истите во наредниот период пред турнирите.

Прикажи повеќе