Со својата слатка насмевка и радоста со која зрачела, таа брзо го освоила владетелот и станала негова омилена, а потоа и сопруга.
Хурем Султанија била омилената сопруга на османлискиот султан Сулејман I и неговата законска сопруга. Таа исто така била мајка на шест негови деца – султанот Селим II, наследник на Сулејман I, Михримах Султан, како и принцовите Мехмет, Бајазид и Џихангир.
Таа се смета за најмоќната жена на Отоманската империја и една од најмоќните во историјата на човештвото. Имала големо влијание врз политиката на Отоманската империја и имала водечка улога во државните работи.
На малите екрани засекогаш ја овековечија две актерки – Мерјам Узерли и Вахиде Перчин, а еве што велат историските извори за појавата на оваа моќна и мистериозна жена од турската историја.
Султанката Хурем или Рокселана
Султана Хурем е позната и како Рокселана или Александра Лисовска, но нејзиното вистинско име, како и нејзиното детство не се целосно познати. Таа е родена во градот Рохатин во тогашното Полско Кралство, а денеска во Украина.
Во текот на 1520-тите години таа била заробена од страна на Кримските Татари и одведена во кримскиот град Кафа, за да по некое време биде однесена во Цариград односно во харемот на Сулејман I.
Ибрахим Паша од благодарност му ја подарил младата Рокселана на својот пријател султанот Сулејман I. Таа се нашла во харем во кој имало околу 300 робови, но сепак брзо го привлекла окото на султанот Сулејман.
Откако ја поминала познатата „златна патека“ до султанските одаи, не ги напуштила.
Како всушност изгледала таа?
Во многу слики таа беше овековечена од многу уметници според тоа како ја опишуваа, иако нејзините фотографии и вистински портрети не постојат.
Рокселана имала огнена црвена коса. Таа е опишана како нежна, витка, мила и шармантна. Покрај тоа, таа била многу интелигентна, паметна и весела. По природа борбена, вешта во манипулирање со луѓето, лукава како јагне и опасна како волк, која одлучила да стане господарка.
Нејзината харизма ги привлекувала сите во харемот, поради што брзо го добила името „Хурем“, што значи „насмеана“. Таа го завела Сулејман Величествениот со својата интелигенција, духовитост и многу страсна природа.
Ликот на султанката Хурем со векови ги инспирира уметниците. Црвенокоса убавица со нагласени облини што ја буди фантазијата. Така најмногу го покажуваат бакарни гравури и платна на средновековни уметници.
Оваа слика се должи на извесен Мелхиор Лорикс, кој поминал пет години во Константинопол придружуван од хабсбуршкиот пратеник. Во неговите патописи, тој ја опишува Рокселана токму онака како што подоцна ја сликале уметниците и како што ја прикажувале писателите, вклучувајќи го и Шекспир.