Хејли Бибер беше фотографирана во Њујорк пред ресторан во стил кој веднаш привлече внимание. Во една комбинација, таа спои два тренда кои доминираат ова лето – сеприсутниот дезен со точки и капри панталоните, парче кое често предизвикува поделени мислења.
Таа носеше бели капри хеланки со црни точки од шпанскиот бренд Paloma Wool, кои ги комбинираше со едноставен црн топ без ракави, апостолки со квадратен врв од брендот Toteme и мала структурирана чанта во квадратна форма од брендот The Row. Од модните додатоци, таа носеше само златен часовник Piaget со тенок ремен и овални очила за сонце.
Од целата комбинација, се чини дека хеланките станаа најголем хит. Тие веднаш го привлекоа вниманието на модните ентузијасти и се распродадоа кратко откако Хејли беше видена како ги носи, а во моментов е можно да се пријавите на листата на чекање.
Што се однесува до остатокот од изгледот на Хејли, таа ја носеше косата пуштена и природна, а ноктите ѝ беа обоени во нежна нијанса. Оваа комбинација е мало отстапување од нејзиниот вообичаен моден стил, главно поради впечатливиот дезен. Но, точките се насекаде во моментов – од дизајнерски ревии до понуди на високи улици – и ги носат сите, од познати личности до „обични“ смртници.
Текстот Бибер со стил кој веднаш привлече внимание е превземен од МАКФАКС.