Во време на ковид-19, ги натеравме жените да плаќаат на приватно, поради немање термин за преглед на ехо на дојка или мамографија, изјави Биба Додева, претседателка на Здружението за борба против рак на „Борка – За секој нов ден“, на одбележувањето на Месецот за борба со ракот на дојка.
Според Додева, во Македонија и во нормални услови има доцнење, за некој термин што треба да биде пократок. Но, од „Борка“ велат дека работат на тоа да се скратат патеките, жените да не чекаат без разлика дали е ковид, да им се овозможи рана дијагностика. Особено за овој карцином.
Јавното здравство кај нас е на многу високо ниво. Бесплатна е хемотерапијата, партиципацијата е 150 денари, но треба целото лекување да е бепслатно, рече Додева.
Според неа, ракот на дојка не може да се превенира, може да се открие рано, а за да се открие рано треба да им овозможиме на жените да имаат навремени прегледи.
Да не чекаат на листи, да не се чека за ехо преглед и за мамограф и скрининг-програмите во полн ек да почнат да се имплементираат секаде во општините. Бидејќи се појавува друг проблем – доцното дијагностицирање. Имаме пропуштено многу голем број луѓе, кои поради страв да патуваат, невакцинирани, не ги прават навреме дијагностичките процедури и ќе се јават во подоцен стадиум кога и самиот третман е многу потежок, додаде претседателката на „Борка“ на настан по повод Месецот за борба со рак на дојка.
Дијагностиката е прв проблем, не само во Макеодија, секаде во светот, скрининг програмите беа сопрени, дијагностичките програми беа стопирани и намалени сѐ до еден период лани кога се создадоа услови за такви дијагностички прегледи, вели Додева.
Таа упати апел да се надмине проблемот со закажување.
Радиологогот да може веднаш да даде упат за биопсија, да се започне со скриниг програмите и секако мултидисциплинарниот пристап кој е еден од релевантните начини на лекување на ракот генерално, не само на ракот на дојка, конечно да може да се имплементира во Македонија, смета Додева.
Според нејзините информации, во Макеоднија нема пораст во бројките, туку има намалување,. Во изминатата година се регистирани 988 новозаболени и 316 починати од рак на дојка.
Тоа ни покажува дека смртноста е тука, а паѓа борјката на новозаболени. А не треба да е така, треба да се зголемува инциденцата затоа што ракот е епидемија, и раното откривање да се зголемува, а морталитетот да почнеме да го намалуваме, рече Додева.
Справувањето со предизвиците во услови и на негативното влијание од пандемијата ќе биде тема на 14. Национална конференција што вечер од 18 часот ќе се организира онлајн, со цел да се поттикне решавањето на проблемите со кои се соочуваат жените.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.