Фудбалерите на Бешикташ го совладаа Атлетик Билбао со 4:1 во Истанбул, во претпоследното коло од првата фаза во Лига Европа.
Ова беше и деби триумф на Оле Гунар Солскјер на клупата на Бешикташ.
Блескаше во тимот на Бешикташ Милон Рашица со два гола и асистенција.
Рашица ја искористи првата добра шанса во 17. минута. Тој одлично ја смести топката на додавањето на Силва и погоди од работ на шеснаесетникот.
Билбао лошо го започна натпреварот, но вториот дел од првото полувреме беше значително подобар за нив. Унаи Гомез ја круниса добрата игра во финишот на првото полувреме. Тој во 45. минута со волеј го совлада голманот на Бешикташ и го израмни резултатот.
Домашните влегоафуриозно во вториот дел. Шанси имаа Имобиле, Силва и Рашица, а крилниот напаѓач на Бешикташ ја искористи шансата во 60. минута и вторпат му донесе водство на својот тим.
Билбао мораше да напаѓа, а Бешикташ тоа знаеше да го казни. Силва погоди во 77. минута, а точка на натпреварот стави со гол од пенал Жоао Марио во 92. минута.
Бешикташ со овој триумф значително си ги зголеми шансите за пласман во плејофот, со девет бода е на 18. место, а во последното коло игра со Твенте. Од друга страна, Билбао останува втор со 16 бодови.
Текстот Бешикташ го размонтира Атлетик Билбао е превземен од МАКФАКС.