Беше убав, харизматичен, со плави очи и паметен, атрибути пред кои треперат и најголемите тирани и диктатори

НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

На самиот почеток на документарниот филм „Навални“, главниот инспиратор вели, „Дали е ова приказна за мојот живот или не е приказна на мојот живот“, се разбира, тоа го зборува во некој поширок контекст, ама тоа е контекстот и кој самиот режисер сакал да му го даде. Од друга страна, ова е класично политичко и интелектуално документаристичко дело со силен ангажиран наратив за путинова Русија.

Да одиме на самиот почеток. Се работи за Алексеј Навални, руски дисидент и опозиционен политичар, контракандидат на Владимир Путин; на градоначалничките избори за освојување на Москва направи значаен успех, освои 25% гласови, што за Рускиот контекст е страшно огромен број. И после тоа – путинов контракандидат за претседател на Русија.

Навални е амблематична фигура, и до сега единствен сериозен опозиционер на Путин. Сите за Навални разбраа во моментот кога се случи оној инцидент при враќање од кампања во Сибир, добивајќи напад на труење за кое се испостави дека е труење од нервниот агенс „Новичок“. Неговиот живот практично „на сила“ е спасен благодарение на интервенцијата на Ангела Меркел, па го префрлаат во Германија кајшто беше излечен. Во Германија, Навални останува околу седум месеци, а потоа одлучува да се врати за Русија само како би продолжил со својата борба против Путин.

Документарниот филм „Навални“ го прикажува пред и после обидот за убиство со нервниот агенс – новичок, а потоа и до апсењето на московскиот аеродром веднаш после враќањето во Русија. Филмот најмногу се потпира на истрагата на бугарскиот новинар Христо Грозев, кој како член на истражувачката мрежа „Bellingcat“, успева да состави список на агенти кои планирале, извршиле и се обиделе да ја прикријат оваа операција на руските тајни служби.

Најинтересно за мене, барем од овој документарец, беше тоа што Навални го растура механизмот на тој системски „soft power“ на руската тајна полиција; во времето на „Студента војна“ нам руските агенти ни беа претставени за луѓе кои се спремни на сè, а сега едноставно се глупави. Благодарение на Навални таквите ги деконструира на начин што ги претставува за комплетни идиоти. Од друга страна тоа е делимично и точно, ама мислам дека целта на овој документарец е токму тоа: да ги филтрира информациите, притоа и да не забавувa (Навални во документарецот е често и смешен), ама самата тема, секако, воопшто не е забавна и смешна – целта е убиство со труење.

Интересно за мене беше начинот на кој истражувачката мрежа „Bellincat“ работи на пронаоѓање на руските оперативци, што во некоја смисла е генијално лудило. Имено, имате некоја чиновничка агентска работа во Русија и не одите натаму од тоа. Работите – печат овде, печат онде. И кога вие создавате лажни идентитети на луѓе-оперативци, тие имаат еден „патерн“ за кој го земаат вистинското име на оперативецот, така што потоа го земаат средното име Џон или Џена, го гледавме тоа во серијата Homeland, па го земате истото име само што датумот на раѓање го менувате погоре или подолу за година или две. Друга работа, Русите сите свои (службени?) автомобили кои ги возат, ги регистрираат во центарот на КГБ. И трета работа: на Рускиот пазар постои нешто кое не знам дали постои на други места на земјината топка: на Dark web можеш да купиш „регистер на летови“ со сите патници, регистрација на автомобили, а единствено што ти треба е да имаш трпение и волја, па и уште да размислуваш логички.

Значи, истражувачките новинари од „Bellincat“ гледале кој од тие списоци со луѓе патувале повеќе од два пати кога Навални патувал. Притоа, сфаќаат дека не мора да биде исти авион, ги читаат листите на луѓе ден порано или ден подоцна. И потоа ги вкрстуваат работите. А кога се случи екцесот со Навални за кој не слета во Москва, туку слета во друг град, а дел од останатите патници резервирале во Москва, а дел резервирале токму во градот во кој беше пренасочен Навални, без разлика што картата на Навални беше за да слета во Москва, а не во другиот град.

Што се однесува до самото труење, постои снимка уште во авионот на која се гледа како Навални е во тотална агонија, испушта стравичен вресок од кој вените на човека му се заледуваат. Авионот од Томска тргнува за Москва а се спушта во Омск, тука веднаш го прифаќа амбулантно возило, заминува во клиника, сопругата на Навални во моментот се наоѓа во Москва, веднаш потоа Навални се гледа дека се наоѓа во индуцирана кома, а откако стигнува и неговата жена после извесно време, болничарите (најверојатно полиција во цивилки?) не ѝ дозволуваат да му пријде бидејќи нема маска против корона.

Тука сега може да бидат две работи: мажот ми умира, јебала вас корона; а од друга страна, не би било далеку од умот дека тоа се механизми кои за цел имаат да те успорат, да те оддалечат, бидејќи позади тебе има некоја камера, мажот ти е отруен и речиси да знаеш дека нема да преживее, а сепак сите знаат дека тоа ќе се прикаже на youtube или на tik-tok или некоја слична мрежа. Притоа, исто така лицето на жената на Навални цело време се гледа. Па, оттука, системот – полицајците-болничари се обидуваат да ја оттргнат за да се приближи до Навални, затоа што сепак, тоа е еден вид средство на политичка борба.

Алексеј Навални беше убав човек, со сини очи, харизматичен и политички поткован. Таков профил на луѓето не само кај Русите, таков профил на луѓе во политика проаѓа секаде, немојте да се лажеме. Харизмата и шармот не се грип, па тоа да се префати, тоа го имаш или го немаш. Притоа многу беше фотогеничен. Од друга страна, погледајте го денес Путин колку е изботоксиран и „изфилуван“. На тоа Русите се палат: мора да биде убав, мора да биде млад, мора да јава камили, да се бори со мечки и крокодили.

На крајот, после сè, се поставува прашањето, зошто баш сега, и зошто баш во овој момент? Прво, јас мислам дека во Русија за нецел месец од денес има избори. Првата претпоставка е дека убиството на Навални е двонасочно: Путин го ликвидира Навални за да докаже дома што ќе им се случи ако некој помисли на протести или бунт пред изборите во Русија, и втора работа: директна порака на Запад за случајот со Украина, во смисла ако продолжат да ја поддржуваат Европјаните и САД Украина, дека ќе нападне уште пожестоко и уште побрутално.

Тиранијата и диктатурите немаат решение против масовни бунтови и протести. Секоја полуписмена будала, тиранин и автократ единствено знае само едно: го протерува или убива главниот мотор и инспиратор за бунт што би можел да покрене огромен број на луѓе насобрани на улиците. А Алексеј Навални, несомнено, беше таков прототип: убав, харизматичен и ѓаволски паметен. Русите такви луѓе отсекогаш сакале. А не и само Русите.


Извор:Frontline Текстот е личен став на Авторот.