„Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок разговараше со својот ирански колега за тензичната ситуација на Блискиот Исток и ги повика сите страни да се однесуваат одговорно и воздржано, соопшти Министерството за надворешни работи во Берлин.
„Избегнувањето на понатамошна регионална ескалација мора да биде во интерес на сите. Ги повикуваме сите актери во регионот да се однесуваат одговорно и максимално воздржано“, напиша Бербок на мрежата Х.