Актерот Бен Афлек одлучи да го прекине молкот и да стави крај на гласините дека тој и поранешната сопруга Џенифер Лопез повеќе не се во добри односи.

На црвениот тепих на премиерата на „Д Акаунтант 2“, познатиот актер имаше само добри зборови за Лопез, нагласувајќи дека меѓу нив нема непријателство.

„Џенифер Лопез е спектакуларна. Таа е одлична со моите деца, имаме одличен однос“, изјави Афлек за „Ентертејнмент тунајт“ и додаде: „Ги сакам нејзините деца. Тие се прекрасни. Таа е неверојатно важна и искрена личност која навистина ја ценам и сум благодарен”.

Тој додаде дека на премиерата со него биле 17-годишните близнаци Макс и Еме, кои Џеј Ло ги има од претходната врска со Марк Ентони. За време на премиерата се дружеа со децата на Афлек од бракот со Џенифер Гарнер – Виолета (19), Серафина (16) и Семјуел (13).

„Одлична вечер. Моите деца се тука, децата на Џенифер се тука. Горд сум на филмот, сакам кога доаѓаат сите деца. За мене е навистина возбудливо и забавно“, рекол актерот.

Афлек и Лопез официјално се разведоа пред четири месеци, а според извори и двајцата се справуваат со емотивните предизвици на крајот на нивниот брак, фокусирајќи се на работата.

„И двајцата се тажни што бракот не успеа“, изјави извор за „Дејли мејл“.

„Но, наместо да тагуваат, тие се фрлија на работа. И двајцата сакаат повеќе успех, повеќе хитови, повеќе награди“, додаде.

Текстот Бен Афлек проговори за Џеј Ло: „Таа е спектакуларна, многу ја почитувам“ е превземен од МАКФАКС.