Бен Афлек и Џенифер Гарнер и по разводот останаа во пријателски односи, но странските медиуми пишуваат дека тие се заедно во последно време.

Папараците ги снимиле за време на заедничко возење во Лос Анџелес, а според магазинот „Пипл“, Џенифер пред тоа му доставила појадок на Бен и останала со него некое време.

„Тие секогаш ќе бидат блиски затоа што имаат деца и одржуваат пријателски сородителски односи“, рекол извор близок на актерите откако заедно го прославиле Денот на благодарноста.

 

Бен и Џенифер учествуваа во хуманитарна акција со своите деца и доброволно се пријавија во Полноќната мисија во Лос Анџелес, служејќи им топли оброци на повеќе од две илјади бездомници.

Фотографиите кои тогаш се појавија ги изненадија сите фанови на актерот бидејќи по долго време беше фотографиран насмеан и расположен. Откако го поминале тој празник заедно, извори тврдат дека децата ги замолиле да го поминат и Божиќ заедно. Наводно познатите родители решиле да им ја исполнат таа желба.

„Џен навистина сака нејзините деца да бидат среќни. Таа ќе продолжи да се грижи да поминуваат време заедно како семејство, а тоа го вклучува и Бен. И тие имаат божиќни планови со децата. Децата уживаат да поминуваат време заедно”, открил изворот.

 

Гарнер и Афлек беа во брак од 2005 до 2018 година, а и потоа останаа во одлични односи поради нивните деца – Виолета (18), Серафин (15) и Семјуел (12).

Бен беше во врска со актерката Ана де Армас, а во 2022 година се ожени со Џенифер Лопез, но нивниот брак заврши оваа година. Џенифер Гарнер денес е во врска со претприемачот Џон Милер.

Текстот Бен Афлек забележан со поранешната сопруга: „Во последно време често се заедно“ е превземен од МАКФАКС.